Klub Magnolija, OOU Koco Racin, Ohrid

  • Во проектот се вклучени 9 ученици-членови на клубот на екологисти Магнолија при ООУ„Кочо Рацин''-Охрид (учениците се од VII и IX одделение).

    Сите активности кои ги работиме во рамките на овој проект можете да ги следите на нашата веб страна на следниот линк: 

    https://sites.google.com/view/tloshkoska-/Projects-2021/webucionica-2021-22

    На почетокот на учебната годината проектот беше претставен пред учениците и родителите и родителите дадоа согласност за учество на нивните деца во проектот. Нивните согласности можете да ги погледнете тука.

    Soglasnost od roditel (Magnolija).pdf

     

    Интеграција на проектот со наставната програма

    Развивање на вештини за истражување, собирање информации, анализирање и критичко размислување; 

    Развивање на самодоверба, одговорност, меѓусебно почитување  и соработка;

    Развивање на социјалните вештини и дигиталната писменост;

    Пребарување релевантни информации и следење на правилата за безбедно однесување на Интернет;

    Запознавање на учениците со различни веб 2.0 алатки и можноста за нивна употреба во различни предмети;

    Развивање на креативноста преку СТЕМ едукација;

    Подигнување на еколошката свест кај учениците;

    Интеграција со наставните предмети биологија, информатика и животни вештини: интеграција со Информатика - креирање на аватари во алатките Bitmoji, Chatterpix и osuStuff Avatar Maker  (безбедното користење на интернетот и заштита на податоци) и кодирање во Microbit;  Power Point презентации, мисловни мапи во Popplet, детерминација на растенија со помош на апликацијата Flora Incognita и колаборативна табла Lino (интеграција со Биологија, наставни содржини Варијации кај растенијата, Адаптации на абиотичката и биотичката животна средина - VII одделение,  Респираторен систем, Адаптации на растенијата и животните, Природна селекција - IX одделение ); презентација во Jamboard и видео во Canva (интеграција со Животни вештини).

    Активностите се реализираа во текот на наставата по биологија, но и за време на часовите по животни вештини и како воннаставни активности.

    Соработка со партнерите

    Соработката со партнерите се одвиваше преку Facebook страната на проектот (https://www.facebook.com/groups/webucionica). 

    Во рамки на поектот се реализираа два предизвици кои имаа за цел стручно усовршување на наставниците. Истите може да ги погледнете на линковите:

    Ljetni izazov

    Zimski izazov

    Проектните активности продолжуваа и во летниот период и пред нас е Соработничкото учење кое ќе се реализира во месец јули (линк до Соработничко учење лето 2021 - https://webucionica.weebly.com/suradni269ko-u269enje-2021.html)

    Bitmoji

    Првата наша активност во проектот Webučionica 2.0 беше изработка на аватар со помош на апликацијата Bitmoji. Секој ученик изработи сопствен аватар, а потоа креиравме заеднички постер со кој се претставивме пред останатите учесници во проектот.

    ChatterPix

    Нашите аватари ги „оживеавме“ со помош на апликацијата ChatterPix. Секој ученик гласовно се претстави и го произнесе своето мислење околу своето учество во проектот.

    Micro:bit

    Учениците кодираа во Micro:bit makecode: емотикони и температура топло-ладно.

       

    Линк со активности од страна на другите ученици 

    https://sites.google.com/view/tloshkoska-/Projects-2021/webucionica-2021-22#h.myj19k8rsvrc

     

    Jamboard 

    Преку изработка на заедничка презентација во алатката Jamboard го одбележавме Светскиот ден на детето кој има за цел да се сврти вниманието на пошироката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата.

    osuStuff Avatar Maker

    Имајќи ги во предвид напорите интернетот да се направи побезбеден за сите, особено за децата, Денот на безбеден интернет го одбележавме преку креирање аватари со помош на алатката osuStuff Avatar Maker. Потоа, креиравме зборови со помош на апликацијата Phinish и изработивме постер во Canva.

     

    Microsoft PowerPoint

    Учениците истражуваа на интернет за болестите на респираторниот систем кај човекот и изработија PowerPoint презентации на оваа тема.

    Бронхитис - Клара и Елена

    Рак на белите дробови - Јована

    Бронхитис - Надица Н

    Popplet 

    Учениците истражуваа за различните видови на адаптации кои постојат кај растенијата и животните. Со помош на алатката Popplet учениците креираа мисловни мапи за одредено растение или животно. 

    Останатите изработки може да ги погледнете на линкот.

    Canva 

    9 Мај се одбележува како eTwinning day. Оваа година беа предвидени неделни активности на тема Моето училиште од соништата (My dream school). Учениците размислуваа околу тоа што би сакале да променат или додадат за да создадат подобар простор за учење. Тие замислуваа заедничко пространо и модерно училиште со спортска сала, детски паркови и многу зеленило; модерни кабинети, библиотека и кантина итн. и изработија видео во алатката Canva. Учениците преку својата креативност сонуваа за подобра иднина преку подобро училиште.

    Lino  

    Lino е виртуелна колаборативна табла на која може да се поставува текст, слики, видеа, линкови. Светскиот ден на биодиверзитетот го одбележавме со поставување на слики од растенија кои учениците сами ги детерминираа со помош на мобилната апликација Flora Incognita.

    Genially 

    Учениците одговарајќи на прашањата од квизот на тема Природна селекција се забавуваа и ги повторија изучените содржини од оваа тема.

    Линк до играта Природна селекција

     

    Евалуација  

    Преку одговарање на прашања во Google Forms направена е евалуација на проектот. Учениците го оценаа проектот со оценка 5.

     

    Сертификати

    На учениците им беа доделени сертификати за активно учество во реализација на проектот Webučionica 2.0.

    Дисеминација

    Проектот е внесен во Годишната програма за работа на ООУ„Кочо Рацин''-Охрид. Дисеминација на проектот е направена на веб страницата на наставничката Татјана Лошкоска. Исто така дисеминација на проектот е направена пред Советот на родители и наставничкиот колегиум од училиштето. Проектот е дисеминиран и на Фејсбук страната на училиштето.