Во учебната 2021-2022 во проектот се вклучени 13 ученици од шестто одделение при ООУ„Кочо Рацин''-Охрид. Проектот се реализира за време на дел од редовните часови по математика, за време на дел од редовните часови по животни вештини ( одделенски час ), а останатиот дел од проектот се реализира како дел од часовите за воннаставни активности, на часовите за слободните ученички активности како и додатната настава.
Сите активности кои ги работиме во рамките на овој проект можете да ги следите на нашата веб страна на следниот линк:
https://sites.google.com/view/mojastranica-silvanakrsteska/%D1%83%D1%87%D0%B5%D0%B1%D0%BD%D0%B0-2021-2022/webucionica-2-0
На почетокот од годината проектот беше претставен пред родителите на учениците на родителска средба и сите родители дадоа согласност за учество на нивните деца во рамките на проектот. Нивните согласности можете да ги погледнете тука.
Согласности од родители.pdf
Интеграција на проектот со наставната програма
Претворање на идеите од учениците во акција, развивање способност за планирање и управување со проекти за да се постигнат целите, како и иновативно размислување.
Планирање постигнување на зададени цели, како и иновативно размислување и преземање ризици.
Користење компјутери презентирање и размена на информации како и безбедно користење на информатичко- комуникациската технологији.
Користење на учење, знаење и вештини во различни контексти, како што се работа во парови, групна работа, учење преку игра.
Интеграција со наставните содржини: Предмет МАТЕМАТИКА: Повторување за триаголник и четириаголник. Предмет ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ: Безбедно користење на интернет, заштита на личните податоци. Медиумска култура, Како да препознаеме лажни вести Предмет ИНФОРМАТИКА: Вовед во кодирање во micro:bit.
Соработка со партнерите
Соработката со партнерите од другите училишта се вршеше преку Facebook страната на проектот на која можете да пристапите преку следниот линк.
(4) Webučionica | Facebook
Исто така соработката со партнерите од другите училишта се вршеше за време на Летниот и Зимскиот предизвик во рамките на кој наставниците учесници стручно се усовршуваа и имаат можност да изработат наставни лекции во повеќе веб алатки. Линкот за Летниот предизвик Ljetni izazov 2021. (weebly.com), Линкот за Зимскиот предизвик Zimski izazov'22. (weebly.com). Но нашата соработка не завршува тука. Проектот продолжува и во летните месеци па пред нас е Соработничкото учење кое ќе се реализира во месец јули. Линк до Соработничко учење Suradničko učenje 2021. (weebly.com)
Месец септември 2021
Прва активност во рамките на проектот Bitmoji.
Прва активност која ја работевме со учениците беше запознавање со опасностите на интернет и нивна заштита. Работевме на алатки за претставување со помош на кои можеме да го заштитиме нивниот личен идентитет. Од мноштвото алатки кои постојат ја избравме алатката Bitmoji. Bitmoji е мобилна апликација, која се симнува како и секоја друга на вашиот мобилен телефон. Откако ќе ја превземете, ќе треба да се посветите приближно 10 минути за да го направите вашиот лик. Бирате се од боја на коса, до густина на трепки. Но тие 10 минути верувајте вредат! Ние се забавувавме и ги направивиме нашите аватари со кои ви се претставуваме. Поздрав до сите, а ова е нашиот тим!
Активност WordArt - втора активност во рамките на проектот во месец Септември
Wordart е лесна алатка за креирање облаци од зборови. Многу е едноставна за работа, но истовремено нуди можност за креирање одлични дизајни на различни теми. Алатката ја искористивме за да креираме облак со зборови во кој ги запишувавме Ефектите од климатските промени. Креираните облаци од зборови ги искористивме за претставување на втората недела од проектот Climate action Project.
Месец октомври 2021
Активност во Padlet.
Padlet е интерактивна плоча во која во исто време можат да пишуваат сите ученици на зададената тема. Темата на која ние работевме е: Ефекти од климатските промени. Научивме да внесуваме текст и да вметнуваме слики во Padlet. Линк до нашиот Padlet во кој имавме соработничка активност со ученици од проектните партнери. Solutions for climate changes (padlet.com)
CodeWeek активности. Кодирање во Micro:bit
Во рамките на Неделата на кодирање се запознавме со едноставни кодирања во Micro:bit. Кодиравме Емотикони и Претставување.
Месец ноември 2021
Активност во ClassTools-Badgemaker .
Месец декември 2021
Активност во GreetingIsland
Во оваа алатка по повод Нова Година изработувавме честитки кои потоа ги испративме.
https://www.greetingsisland.com/ecard/pyxz1jni0zwd/en
https://www.greetingsisland.com/eCard/syznn3cw5pjn/rbihbxtr5lzk
An online card from Marija AleksoskA | Greetings Island
Месец февруари 2022
Активност во Genially, WordWall и во Popplet .
Првата седмица од овој месец ја посветивме на E-safety или безбедност на интернет. На часот најпрво погледнавме презентација во Genially преку која се запознавме со безбедно користење на интернет и етичкото однесување на интернет, а потоа преку игра во WordWall ги проверивме стекнатите знаења на оваа тема. Преку работа во парови направивме умни мапи во алатката Popplet на тема E-safety.
https://view.genial.ly/61e486a02a5e2f0d4b1213a4/presentation-e-safety
https://wordwall.net/resource/27530822/%d0%be%d0%bd%d0%bb%d0%b0%d1%98%d0%bd-%d0%b1%d0%b5%d0%b7%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82
Активност во Popplet
Popplet Izabela Tomanovska.pdf
popplet Jovana.pdf
Popplet Теона Шиникоска.pdf
Месец март 2022
Активност во WordWall.
На час по математика наставна содржина Повторување за триаголник и четириаголник од темата Геометрија и решавање на проблеми учениците имаа за домашна задача да креираат квизови во оваа алатка со најмалку 5 прашања од овие две соржини. На часот сите ученици играа на креираните игри во оваа алатка при што и се забавуваа но и ја повторуваа и усовршуваа изучената материја.
https://wordwall.net/resource/31942343/%D0%BA%D0%B2%D0%B8%D0%B7
https://wordwall.net/resource/31943672/%D0%BA%D0%B2%D0%B8%D0%B7
https://wordwall.net/resource/31942951/%D0%BA%D0%B2%D0%B8%D0%B7
https://wordwall.net/resource/31936357/kviz
https://wordwall.net/resource/31936428/kviz
https://wordwall.net/resource/31936525/%d0%ba%d0%b2%d0%b8%d0%b7
https://wordwall.net/resource/31936167/%D0%BA%D0%B2%D0%B8%D0%B7
Месец април 2022
Активност во ClassTools-Breakingnews.
Денот на шегата 1 април го одбележавме со креирање на лажни вести преку алатката ClassTool-Breakingnews. Со нив успеавме да се пошегуваме со нашите другарчиња од училиштето.
Месец мај 2022
Активност во Canva - изработка на Постер.
По повод 9 мај eTwinning Day во алатката Canva изработувавме постери на тема My dream school ( Моето училиште од соништата ) . Најпрво сите ученици добија задача за дома да нацртаат цртежи на тема Моето училиште од соништата во ликовна техника по нивни избор. Потоа извршија презентација на своите изработки пред останатите ученици. По извршената презентација се направи список составен од желби на учениците што треба да има во нивното училиште од соништатат. потоа учениците беа поделени во два тима. Едниот тим кој беше поделен на два пара работеше во алатката Canva и израбоуваа постери, а другиот тим во кој имаше три групи по 3 ученици работеа со ЛЕГО коцки и изработуваа макети на тема Моето училиште од соништата. Нивните изработки и процесот на работа можете да го погледнете подолу на сликите. За презентација на оваа активност пред останатите ученици во училиштето во алатката Flex Clip е изработено видео.
Евалуација на проектот
Евалуацијата на проектот е направена со анкета изработена во Google Forms која можете да ја погледнете на следниот линк: https://forms.gle/W4g86NRuJGmdxDWz6
Ова се резултатите од спроведената евалуација.
Дисеминација на проектот
Проектот е внесен во Годишната програма за работа на ООУ„Кочо Рацин''-Охрид. Дисеминација на проектот е направена на потстраницата на веб страната на наставничката Силвана Крстеска. Исто така дисеминација на проектот е направена пред Советот на родители и наставничкиот колегиум од училиштето. Проектот е дисеминиран и на Фејсбук страната на училиштето.
Сертификати
За активното учество на учениците во проектор и за нивното успешно реализирање на зададените активности учениците од страна на нивниот ментор се стекнаа со Сертификати за успешна реализација на проектните активности.