Webucionica 2.0
За првпат оваа година во нашето училиште Кочо Рацин - Охрид се организира проектна настава во рамките на eTwining проектот Webucionica 2.0. Webucionica е проект на стекнување дигитални знаења и вештини преку низа вебинари формирани во облик чекор по чекор. Крајната цел на проектот е развивање на дигитални вештини кај наставниците и кај учениците. Во рамките на Webucilnica 2.0 се остваруваат и подолги стручни тематски усовршувања на наставниците.
Цели на проектот:
Основната цел на проектот Webučionica е развивање на дигиталните знаења и вештини кај наставниците и учениците. Преку него се промовира меѓусебната соработка помеѓу наставниците; се разменуваат искуства; благодарение на овој проект наставниците се едуцираат за примена на голем број дигитални алатки во наставата; се развива креативноста кај наставниците, паралелно и кај учениците. Webučionica има особено значајна улога во едукацијата со појавата на Covid-19.
Согласност од родители
Soglasnost (roditeli).pdf
Учесници:
Клубот на екологисти „Магнолија“ работи под раководство на наставничката Татјана Лошкоска и во него членуваат шест ученика од шесто одделение - четири девојчиња и две момчиња. Работиме според однапред подготвени план и програма за работа, а состаноците се одржуваат еднаш неделно преку Microsoft Teams. Проектната настава се одвива на тој начин што за време на состаноците учениците се запознаваат со нови алатки, се презентира начинот на работа со нив и учениците добиваат насоки за исполнување на нивните задолженија. Тоа придонесува кај учениците да се развиваат вештините за истражување, собирање на информации, анализирање и синтетизирање на истите. Во рамките на проектната настава покрај содржини кои се од подрачјето на природните науки и биологијата содржините и активностите имаат интердисциплинарен пристап и се интегрирани со СТЕМ едукацијата.
Линк до нашата веб страница:
Webklub "Magnolija" OOU Koco Racin Ohrid
Активност 1 - Претставување со аватари изработени во алатката Bitmoji
Активност 2 - Претставување со аватари изработени во алатката ChatterPix
Активност 3 - Претставување со аватари изработени во алатката Voki
Нашите аватари може да ги погледнете на следниот линк:
https://sites.google.com/view/tloshkoska-/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/webu%C4%8Dionica-2-0/%D1%83%D1%87%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8
Активност 4 - WordArt
WordArt е алатка која ни овозможува многу брзо и лесно да создаваме различни облаци од зборови. Се забавувавме и експериментиравме со различните опции кои вклучуваат употреба на различни зборови, фонтови, бои, форми, распоред на зборовите итн. Резултатите од екпериментирањето можевме да ги видиме по секоја визуелизација. На крајот секој од нас си создаде своја уникатна слика со облак на зборови. Во знак на поддршка на болните со ретка болест изработивме различни форми на дланки испишани со нашите имиња и имињата на наши соученици кои дадоа поддршка во одбележувањето на месецот на ретките болести. РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК!
Сите наши активности погледнете ги на следниот линк:
https://sites.google.com/view/tloshkoska-/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/webu%C4%8Dionica-2-0/wordart
Активност 5 - Micro:bit (Code Week)
https://drive.google.com/file/d/1OV2o3LF5RvUUQmCBN6fNoQ9_AAJaGHz2/view?usp=sharing
Сите наши активности погледнете ги на следниот линк:
https://sites.google.com/view/tloshkoska-/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/webu%C4%8Dionica-2-0/microbit
Активност 6 - Canva (logo)
Canva ни овозможува да создадеме лого и разновидни презентации, постери, флаери, брошури, покани за родендени, колаж со фотографии, видеа или друга визуелна содржина. Canva може да се користи за сè. Апликацијата е достапна на телефон и компјутер во кое било време и на кое било место и вклучува огромен број шаблони. Лесно и брзо може да креираме свое ремек-дело со користење на бесплатните шаблони кои се создадени од професионални дизајнери или од почеток да започниме со креирањето. За да направиме совршено лого, постер или видео може да поставиме наши слики и видеа или да искористиме некои од прекрасните фотографии и илустрации кои ни се понудени од страна на Canva. Исто така, може да додадеме текст и да го промениме фонтот, големината, бојата, проредот, позицијата. Сликите ги уредуваме со различни филтри и ги поставуваме во рамки како некои професионалци. Секој од нас изработи лого.
Активност 7 - Canva (newspaper)
Денот на пролетта и екологијата го прославивме со изработка на весник во Canva. Иако не сме експерти за дизајн нашите изработки се прекрасни и уникатни!
welcome-little-one Petar.pdf
21-МАРТ-ДЕН-НА-ПРОЛЕТТА (НАДИЦА).pdf
Нашите активности во Canva може да ги погледнете на следниот линк
https://sites.google.com/view/tloshkoska-/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/webu%C4%8Dionica-2-0/canva
Активност 8 - StoryJumper
Една од алатките со помош на која може да ја изразиме нашата креативност и да се забавуваме додека пишуваме е StoryJumper. Во неговата библиотека се достапни за читање и слушање огромен број книги. Оваа одлична алатка ни нуди можност да илустрираме сопствена книга при тоа користејќи различни слики и сопствени фотографии, а може да го додадеме и нашиот глас или некоја музика во позадина. Алатката ни овозможува да ги користиме нашите фантазии при пишувањето и илустрацијата и да бидеме автори на оригинална приказна или книга од информативен карактер.Учениците истражуваа за познати научници и изработија е-книги. Со помош на StoryJumper успешно и ефикасно учиме!
Надица
Даниел
Сара
Анастасија
Марија
Сите активности може да ги погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/tloshkoska-/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/webu%C4%8Dionica-2-0/storyjumper
Активност 9 - ToonyTool
Едноставно, брзо и без најавување го користиме ToonyTool за да направиме стрипови, цртани филмови и мемиња. Дизајнираме со користење на слики, карактери и реквизити што се дадени на вебстраницата, но може да користиме и свои слики. Откако ќе завршиме со изработката постои можност да ја споделиме преку интернет или да ја преземеме, а потоа да ја испечатиме. Не е можно да ја зачуваме и да се вратиме подоцна за да ја преуредиме. ToonyTool е многу корисна алатка со која ја развиваме нашата креативност!
Сите активности може да ги погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/tloshkoska-/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/webu%C4%8Dionica-2-0/toonytool
Активност 10 - Book Creator
Едноставниот дизајн на алатката Book Creator ни овозможува лесно да направиме прекрасни е-книги. Страниците на книгите се изработуваат многу лесно што ни овозможува да бидеме фокусирани на креативноста. Во Book Creator лесно се комбинираат текстот, сликите, аудио и видео записите и ни овозможува да создадеме приказни, стрипови, извештаи, истражувачки или друг вид на списанија. Книгата може да се сподели преку интернет, да се преземи како е-книга или во вид на pdf формат. Учениците истражуваа за националните паркови и природните езера во нашата земја и во Book Creator изработија заедничка е-книга Убавините на нашата земја.Секој од нас на магичен начин стана автор на сопствена дигитална книга!
Погледнете ја нашата заедничка книга:
Природните убавите на нашите земји
Сите активности може да ги погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/tloshkoska-/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/webu%C4%8Dionica-2-0/book-creator
Активност 11 - Popplet
Popplet е вебалатка која ни овозможува да се фокусираме на содржината на она што сакаме да го изработиме бидејќи воопшто нема комплициран изглед. Со нејзина употреба, преку бура на идеи, креираме мисловни мапи, графички организатори, дијаграми. Може да внесуваме текстови, слики, па дури да објавуваме и видео. Одредени факти, мисли и идеи може брзо да ги запишеме, веднаш да ги поврземе и визуелно да ги подредиме односите меѓу нив. Учениците креираа мисловни мапи на темите Органски системи во телото на човекот и Заштита на животната средина. Popplet ни помага при размислувањето и ни овозможува да учиме визуелно!
Дигестивен Систем - Анастасија.pdf
Сите активности може да ги погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/tloshkoska-/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/webu%C4%8Dionica-2-0/popplet
Активност 12 - ClassTools (Breakingnews)
Classtools.net е бесплатна алатка за креирање на графички организатори, видео игри итн, а преку неа може да пристапиме до генераторот на најнови вести. Оваа алатка има голем потенцијал да создадеме слика што изгледа како од 24-часовен канал за вести. Може да додадеме име на каналот за вести, свој наслов, краток опис, датум и место на настанот и слика по сопствен избор. Со Classtools.net/ Breaking News Generator одлично се забавувавме!
Сите активности може да ги погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/tloshkoska-/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/webu%C4%8Dionica-2-0/classtools-breakingnews
Активност 13 - Greeting Island
Со алатката Greetings Island лесно се прилагодуваат понудените оригинални шаблони за изработка на честитки за различни празници и покани за родендени и забави. Честитките и поканите може бесплатно да се преземат како pdf документ и да се испечатат или да се испратат преку интернет. Ние се забавувавме и ги испративме честитките до нашите најблиски!
Сара (честитка)
Марија (честитка)
Сите активности може да ги погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/tloshkoska-/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/webu%C4%8Dionica-2-0/greetings-island
Активност 14 - PhotoFunia
Меѓународниот ден на благодарноста го одбележавме со изработка на фотографии со фото ефекти во алатката PhotoFunia. Нашето благодарам го наменавме на нашите мајки, браќа, сестри...
Сите активности може да ги погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/tloshkoska-/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/webu%C4%8Dionica-2-0/photofunia
Активност 15 - Kialo edu
Денот на планетата Земја го одбележавме преку дебата во Kialo edu на тема Да си ја вратиме нашата планета Земја.
Погледнете ја нашата дебата на следниот линк:
https://www.kialo-edu.com/p/a1715f58-6f01-4f6f-8125-76fe12d7d11f/50324
Сите активности може да ги погледнете и на линкот
https://sites.google.com/view/tloshkoska-/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/webu%C4%8Dionica-2-0/kialo-edu
Активност 16 - Wordwall
Учениците сами осмислија прашања и одговори кои се однесуваат на изучениот материјал во текот на целата учебна година по предметот Природни науки и изработија игри во Wordwall.
Погледнете ги игрите кои ги креираа учениците на следните линкови:
https://wordwall.net/resource/17495431
https://wordwall.net/play/17461/986/307
https://wordwall.net/resource/17462016
https://wordwall.net/play/17480/089/191
Сите активности може да ги погледнете и на линкот
https://sites.google.com/view/tloshkoska-/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/webu%C4%8Dionica-2-0/%D0%B8%D0%B3%D1%80%D0%B8-%D0%B8-%D0%BA%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%BE%D0%B2%D0%B8/wordwall
Активност 17 - Microsoft Power Point
Учениците ги истражуваа националните паркови во нашата земја на часовите по Природни науки при изучување на темата Грижа за животната средина и изработија презентации во Microsoft Power Point.
Национални паркови (Сара К).ppt
НАЦИНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА (Марија С).pptx
Национален парк Маврово (Надица Т).pptx
Национален парк (Петар И).pptx
Галичица (Даниел С).pptx
Интеграција на проектот со наставната програма
- Развивање на вештини кај ученици за истражување, собирање на информации, анализирање и синтетизирање на истите;
- Формирање и спроведување на идеи, критичко размислување, примена на знаења од областа на природните науки и аргументирано заклучување
- Развивање на еколошката свест и еколошката култура кај учениците;
- Развој на самодовербата преку СТЕМ едукација;
- Интерперсонална комуникација, почитување на другите, тимска работа, групно одлучување и решавање на проблеми;
- Соодветно и безбедно користење на интернетот и развивање на вештини кај учениците за користење на ИКТ технологијата.
- Интеграција на наставните предмети природни науки, биологија, информатика и животни вештини: интеграција со Информатика - креирање на аватари во алатките Bitmoji, Chatterpix и Voki (безбедното користење на интернетот и заштита на податоци) и кодирање во Microbit; oблак од зборови во WordArt, весник во Canva (интеграција со Биологија); e-книги во StoryJumper и Book Creator, мисловни мапи во Popplet, креирање игри во Wordwall (интеграција со Природни науки; честитки за Нова година во Greeting Islands и фотографии во PhotoFunia (интеграција со Животни вештини).
Евалуација на проектот
Според направената евалуација учениците го оценаа проектот со одлична оцена. Од web алатките кои ги работевме најмногу уживале додека работеле во Canva, StoryJumper и Wordwall. Најтешко им било да работат во алатката Voki и Kialo edu. Сите ученици искажаа желба и наредната година да учествуваат во овој проект кој им помогна во совладување на web алатки кои тие потоа ги користеа при учењето на далечина во сите наставни предмети.Сите ученици искажаа желба и наредната година да учествуваат во овој проект кој им помогна во совладување на web алатки кои тие потоа ги користеа при учењето на далечина во сите наставни предмети.
Евалуација: https://forms.gle/JUxrcabnK7pyknzcA
Резултати од евалуација:
Evaluacija Webucionica 2 0 Google Forms.pdf
Дипломи за учениците
На крајот на учебната година учениците добија Диплома за успешно учество во проектот.
Дисеминација на проектот
Проектот беше дисеминиран во локалните медиуми, на Facebook страницата на училиштето и на мојата веб страница.
https://sites.google.com/view/tloshkoska-/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/webu%C4%8Dionica-2-0
Публицитет:
https://www.publicitet.mk/za-deca-i-mladi/item/15342-uspeshna-code-week-2020-vo-oou-kocho-racin-od-ohrid?fbclid=IwAR1cfR53rXPQdrpMQwTvhq7yRJpaycEZQCM_nXZbRFdEQY48aIpdG6JmhN4