Webucionica 2.0
За првпат оваа година во нашето училиште Кочо Рацин - Охрид се организира проектна настава во рамките на eTwining проектот Webucionica 2.0. Webucionica е проект на стекнување дигитални знаења и вештини преку низа од вебинари формирани во облик чекор по чекор. Крајната цел на проектот е развивање на дигитални вештини и кај наставникот но и кај учениците. Во склоп на Webucilnica 2.0 се остваруваат и подолги стручни тематски усовршувања на наставниците.
Цели на проектот:
Соработка со наставници и ученици од многу школи од целиот регион преку видеоконференции, истражување на web 2.0 алати кои можат учениците сами да ги користат за изработка на некоја соодветна наставна содржина. Интерактивно учество во наставниот процес преку примена на информатичката технологија. Унапредување на наставниот процес преку развој на култура на учење од други и размена на искуства.
Согласност од родители
parent permit documents (1).pdf
Да се претставиме:
Клубот МеФиз кој работи под мое раководствое клуб во кој членуваат 9 учениции тоа 8 ученици од деветто одделение и 1 ученик од седмо одделение.
Учениците работат по однапред утврдена програма и секоја недела одржуваат состаноци преку Microsoft Teams. Изучуваат нови web алатки во кои имаат задолжение да изработат некоја активност. Членовите на клубот се посветени на СТЕМ тематика. Од нив се очекува да истражуваат, анализираат и синтетизираат, поставуваат хипотези за различни појави и да донесуваат заклучоци кои ќе ги презентираат пред своите соученици и пред учениците од партнер училиштата со кои ќе бидат вклучени преку ETwining проектите.
Во продолжение погледнете ги активностите и нивните изработки во рамките на Ewining проектот WEBCLASSROOM/ Webucionica 2.0:
Webuconica 2.0, OOU"Koco Racin"-Ohrid website
Активност 1
Изработка на аватари во Bitmoji.
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/fi-matika/bitmoji
Активност 2
Претставување со Chatterpix
Chatterpix е бесплатна апликација за мобилни телефони која ви овозможува да ставате ситни усти на вашите фотографии и да им давате смешни гласови. Ние како фотографии ги искористивме нашите аватари. Апликацијата ја искористивме за да ви се претставиме.
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/fi-matika/chaterpix
Активност 3
Претставување во Voki
Алатката Voki ја искористивме како трета алатка со која се претставувавме. Уште еден ден поминат со забавни активности. Погледнете ги и слушнете ги нашите претставувања!
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/fi-matika/voki
Aктивност 4
Codeweek 2020
Активност 5
Wordart е лесна алатка за креирање облаци од зборови. Многу е едноставна за работа, но истовремено нуди можност за креирање одлични дизајни на различни теми. Алатката најпрво ја изучивме, а потоа ја применивме при одбележувањето на Денот на ретките болести со што несебично дадовме поддршка на оваа фондација.
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/fi-matika/wordart
Активност 6
Tonnytool - забавна алатка за изработка на интересни слики ( карикатури )
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/fi-matika/toonytool
Активност 7
Креирање весник во Canva
Оваа алатка ја искористистивме за креирање на весник, презентации, постери и лого. Погледнете ги нашите изработки во форма на весник. Едниот весник го изработивме на часот по математика на тема од историјата на математиката и физиката, другиот весник го изработивме на часот по животни вештини кога го одбележувавме Денот на екологијата и пролетта.
Pitagora_Angela.pdf
Марија Kири_Dimitar.pdf
Питагора-Ивана.pdf
21-March-2021-1Димитар.pdf
21-МАРТ_Ema.pdf
21-март Angela.pdf
Екологија-2Ивана.pdf
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/fi-matika/canva-%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA
Активност 8
Креирање книга во StoryJumper. Оваа алатка ја искористивме на часовите по физика кога правевме е-книга на тема познати физичари и на часот Обновливи извори на енергија.
https://www.storyjumper.com/book/read/92765766/5fb912e4e4740
https://www.storyjumper.com/book/read/95690896/5fe9117fc0638#
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/fi-matika/storyjumper
Активност 9
Креирање книга во Bookcreator. Оваа алатка ја искористивме за изработка на заедничка книга по повод одбележувањето на Интернационалниот ден на човековото право.
https://read.bookcreator.com/cCvPvgra3F1sTgzLHWD6PeAfV_oXvgVaTPxL3ubqsfU/gVDMZkK_Q6O_5tVBXFgfYQ
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/fi-matika/bookcreator
Активност 10
Креирање игри во WordWall. Оваа алатка ја искористивме за креирање на игри во кои учениците сами ги осмислуваа прашањата и одговорите кои се однесуваат на изучениот материјал за повторување и утврдување на темата Звук во предметот Физика.
https://wordwall.net/play/16457/084/865
https://wordwall.net/play/16456/778/241
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/fi-matika/wordwall
Активност 11
Креирање на видео во Kizoa. Оваа алатка ја искористивме на часот по животни вештини и во неа учениците имаа можност да креираа видео на тема Моите интереси.
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/fi-matika/kizoa
Активност 12
Креирање мисловни мапи во Popplet. Оваа алатка ја искористивме на часот по физика при обработка на наставната содржина Обновливи извори на енергија.
Ema.pdf
Elena.pdf
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/fi-matika/popplet
Активност 13
Изработка на честитки во GreetingIslands. Оваа алатка ја искористивме за изработка на честитки по повод Нова Година, но во неа изработувавме честитки по повод Интернационалниот ден на жената.
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/fi-matika/greeting-island-%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0
Активност 14
Breaking news - забавна алатка која учениците ја усвоија како алатка за најава на некоја вест.
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/fi-matika/breaking-news
Активност 15
Изработка на брошура во Jamboard. Оваа алатка како соработничко учење ја искористивме при одбележувањето на Денот на математичарките, со што им оддадовме почит на жените во STEM.
https://jamboard.google.com/d/1wxzF7rgEs8zrYo16rH_vz9B98CDCpseRghgbVO4q9FY/viewer
Жените во математиката.pdf
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/fi-matika/jamboard
Активност 16
Алатката Photofunia ja искористивме за да го одбележиме Меѓународниот Ден на благодарноста.
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/fi-matika/photofunia
Активност 17
Изработка на анкети во MS Forms. Алатката MS Forms ја искористивме на часот по математика во темата: Работа со податоци во наставната содржина Прибирање на податоци и графичко претставување на истите. Учениците самостојно креираа анкети упоребувајќи ја оваа алатка потоа ги испратија кај своите другарчиња во одделението кои ги пополнуваа. Добиените резултати ги обработуваа креирајќи табели и креирајќи столбест и дијаграм со точки.
https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=QSfKBfwhf06hy-c2FzfhPEccwtlb9G5OgH-DTpLv5IZUNkcwSVlXV1lGUk9ROUxZVEZORUxGMzAyUy4u
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/fi-matika/ms-forms
Интеграција на проектот со наставната програма
-
Планирање постигнување на зададени цели, како и иновативно размислување и преземање ризици.
-
Користење компјутери презентирање и размена на информации како и безбедно користење на информатичко- комуникациската технологији.
-
Претворање на идеите од учениците во акција, развивање способност за планирање и управување со проекти за да се постигнат целите, како и иновативно размислување.
-
Користење на учење, знаење и вештини во различни контексти, како што се учење на далечина.
-
Интеграција со наставните содржини: информатика безбедно користење на интернетот, креирање на аватари во алатката Bitmoji, заштита на идентитетот преку алатките Chatterpix и Voki, кодирање во Microbit одбележувајќи ја неделата на кодирање. Со предметот физика од историјата на физиката, креирање е-книга на тема Обновливи извори на енергија во StoryJumper, мисловни мапи во Popplet на тема Обновливи извори на енергија, креирање игри во Wordwall за повторување и утврдување на темата Звук. Со предметот математика изработка на анкети во MS Forms за изработка на истражување во рамките на темата Работа со податоци. Во предметот животни вештини заедничка книга во Bookcreator на тема Човекови Права, честитки во GreetingIslands за одбележување НоваГодина и Меѓународниот Ден на жената, Canva изработка на весник по повод Денот на екологијата и Денот на пролетта. Во WordArt изработка на слики со облак од зборови за одбележување на месецот на ретки болести.
Евалуација на проектот
Во извршената евалуација учениците го оценаа проектот со одлична оцена. Од web алатките кои ги работевме најмногу учивале додека работеле во Jamboard, потоа во Canva, па следуваат WordArt, Bookcreator и StoryJumper. Најтешко им било да работат во алатката MS Forms. Сите ученици искажаа желба и наредната година да учествуваат во овој проект кој им помогна во совладување на web алатки кои тие потоа ги користеа при учењето на далечина во сите наставни предмети.
https://forms.gle/fyb4cJkJRdRYa4Xw7
Резултати од евалуацијата на проектот
Дипломи за учениците
На крајот од школската година учениците добија Диплома за успешно учество во проектот.
Дисеминација на проектот
Проектот беше дисеминиран во локалните медиуми, на Facebook станата на училиштето и на мојата лична веб страна.
https://sites.google.com/view/fi-matika/home
https://www.publicitet.mk/za-deca-i-mladi/item/15342-uspeshna-code-week-2020-vo-oou-kocho-racin-od-ohrid?fbclid=IwAR1cfR53rXPQdrpMQwTvhq7yRJpaycEZQCM_nXZbRFdEQY48aIpdG6JmhN4