Webucionica 2.0
За првпат оваа година во нашето училиште Кочо Рацин - Охрид се организира проектна настава во рамките на eTwining проектот Webucionica 2.0. Webucionica е проект на стекнување дигитални знаења и вештини преку низа вебинари формирани во облик чекор по чекор. Крајната цел на проектот е развивање на дигитални вештини кај наставниците и кај учениците. Во рамките на Webucilnica 2.0 се остваруваат и подолги стручни тематски усовршувања на наставниците.
Цели на проектот:
Развивање на дигиталните знаења и вештини кај наставниците и учениците претставувава основна цел на проектот Webučionica. Преку него се промовира меѓусебната соработка помеѓу наставниците; разменува на искуства; едукација за примена на голем број дигитални алатки во наставата; се развива креативноста кај наставниците, паралелно и кај учениците.
Учесници во прокетот:
Клубот на „Млади активсти“ работи под менторство на наставничката Јованка анѓелкоска и во него членуваат шест ученика од осмо одделение - две девојчиња и четири момчиња. Работиме според однапред подготвени план и програма за работа, состаноците ги одржуваме еднаш неделно преку Microsoft Teams. Проектната настава се одвива на тој начин што за време на состаноците учениците се запознаваат со нови алатки, се презентира начинот на работа со нив и учениците добиваат насоки за исполнување на нивните задолженија. Тоа придонесува кај учениците да се развиваат вештините за истражување, собирање на информации, анализирање и синтетизирање на истите. Во рамките на проектната настава покрај содржини кои се од подрачјето на граѓанско образование и активностите имаат интердисциплинарен пристап и се интегрирани со СТЕМ едукацијата.
Линк до нашата веб страница:
https://sites.google.com/view/kreatori/home
Активност - Bitmoji
Со помош на алтката Bitmoji учениците се забавуваа и креираа своите аватари, со што го применија безбедното користење на интернетот.
Аватарите можете да ги погледнете на следниот линк.
https://sites.google.com/view/kreatori/bitmoji
Активност - ChatterPix
Со помош на претходно креираните аватари учениците преку апликацијата Chatterpix извршија претставување и научија за заштита на идентитетот.
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/kreatori/chatterpix
Активност - WordArt
WordArt е алатка која ни овозможува многу брзо и лесно да создаваме различни облаци од зборови. Секој создаде своја уникатна слика со облак на зборови, преку која ги претставија своите интереси и вредности.Се забавувавме и експериментиравме со различните опции кои вклучуваат употреба на различни зборови, фонтови, бои, форми, распоред на зборовите итн.
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/kreatori/wordart
Активност - Micro:bit (Code Week)
За подетално погледнете на линкот
https://sites.google.com/view/kreatori/
Активност - Canva
Canva ни овозможува да создадеме лого и разновидни презентации, постери, флаери, брошури, покани за родендени, колаж со фотографии, видеа или друга визуелна содржина. Учениците имаа за задача да изработат весник за Клара Цеткин.
Клара Цеткин Сергеј.pdf
Клара Цеткин јана ристеска.pdf
Нашите активности во Canva може да ги погледнете на следниот линк
https://sites.google.com/view/kreatori/canva
Активност - ToonyTool
ToonyTool е алатката која овозможува да направиме стрипови, цртани филмови и мемиња. ToonyTool е многу корисна алатка со која ја развиваме нашата креативност! Учениците креираа интерсни слики претставувајќи ги правата на децата.
Сите креацци во Toonytool
https://sites.google.com/view/kreatori/toonytool
Активност - Book Creator
Алатката Book Creator ни овозможува лесно да креираме прекрасни е-книги. Учениците истражуваа за правата на жените, вклучително и стоп за насилството врз жените и во Book Creator изработија заедничка е-книга. Како изгледа заедничката книга може да погледнете на следниот линк.
https://read.bookcreator.com/30KK3FsNl_lRUNnRNcCr112ZprWieBJEWwv7z3qtEcU/0KleR-1rSyCFKZrygFPs-Q
https://sites.google.com/view/kreatori/
Активност - Popplet
Креирање мисловни мапи во Popplet. Оваа алатка ја искористивме на часот по граѓанско образование при обработка на наставната содржина Човекови права, каде се престави развојот на човековите права и водовите човекови права. На следниот линк можете да ги видите сите изработки.
https://sites.google.com/view/kreatori/popplet
Видови човекови права Андриески.pdf
Андреј Јованчев Човекови-Права.pdf
Активност - ClassTools (Breakingnews)
Classtools.net е бесплатна алатка за креирање на графички организатори, видео игри итн. Со Classtools.net/ Breaking News Generator одлично се забавувавме и креиравме вести за Меѓународниот ден на дете (1.06). Креациите на учениците можете да ги погленете на следниот линк,
https://sites.google.com/view/kreatori/classtools
Активност - PhotoFunia
Со изработка на фотографии со фото ефекти во алатката PhotoFunia го одбележавме Меѓународниот ден на благодарноста. Се заблагодаривме на нашите мајки, браќа, сестри, наставнички...
Интеграција на проектот со наставната програма
- Развивање на вештини кај ученици за истражување, собирање на информации, анализирање и синтетизирање на истите;
- Формирање и спроведување на идеи, критичко размислување, примена на знаења од областа на општествените науки и аргументирано заклучување
- Развивање на критичко мислиње и одговорно однесување кај учениците;
- Развој на самодовербата преку СТЕМ едукација;
- Интерперсонална комуникација, почитување на другите, тимска работа, групно одлучување и решавање на проблеми;
- Соодветно и безбедно користење на интернетот и развивање на вештини кај учениците за користење на ИКТ технологијата.
- Интеграција на наставните предмети граѓанско образование, информатика и животни вештини: интеграција со Информатика - креирање на аватари во алатките Bitmoji, Chatterpix (безбедното користење на интернетот и заштита на податоци) и кодирање во Microbit; oблак од зборови во WordArt, весник во Canva (интеграција со Граѓанско образование); e-книга во Book Creator, мисловни мапи во Popplet, фотографии во PhotoFunia (интеграција со Животни вештини).
Евалуација на проектот
Во извршената евалуација учениците го оценаа проектот со одлична оцена. Сите ученици искажаа желба и наредната година да учествуваат во овој проект кој им помогна во совладување на web алатки кои тие потоа ги користеа при учењето на далечина во сите наставни предмети. Линк до анкетата https://forms.gle/2Ve264t9TtLxPL6k6
Дипломи за учениците
Учениците добија Диплома за успешно учество во проектот.
Дисеминација на проектот
Проектот беше дисеминиран во локалните медиуми, на Facebook страницата на училиштето и на мојата веб страница https://sites.google.com/view/kreatori/home
https://www.publicitet.mk/za-deca-i-mladi/item/15342-uspeshna-code-week-2020-vo-oou-kocho-racin-od-ohrid?fbclid=IwAR1cfR53rXPQdrpMQwTvhq7yRJpaycEZQCM_nXZbRFdEQY48aIpdG6JmhN4