Проект 100. Ден на училиште
ООУ „Кочо Рацин' - Охрид
15.3.2021
100. Ден на училиште е меѓународен еднодневен проект и се спроведува на одреден ден, 100-тиот ден на училиште. Целта на овој проект е одбележување на денот преку одредени содржини: игри, интересни активности, стимулативни и истражувачки активности кои се поврзани со бројот 100. Активностите имаат за цел да ја поттикнат љубовта кон училиштето и школувањето и на учениците им овозможуваат да поминат еден интересен проектен ден. Во текот на оваа учебна 2020/21 година нашиот 100-ти ден на училиште е 15 Март. Во проектот учествуваа шест ученици од VI одделение. 100-тиот ден на училиште го одбележавме со низа активности кои имаа различна цел: претставување со аватар и текст; истражување интересни факти за растителниот, животинскиот свет и за човекот, изработка на е-книга; практични и креативни активности (правење цветови со пластични капачиња, полевање цвеќе, креативни изработки); изработка на постери, дизајнирање и компонирање музика во соодветни on-line алатки.
Нашите активности во рамките на овој проект може да ги погледнете на веб страницата со која проектот е презентиран во училиштето:
https://sites.google.com/view/tloshkoska-/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/100-dan-u-%C5%A1koli
100.dan u školi
Согласност од родители:
Soglasnost (roditeli).pdf
Да се претставиме!
Ова е нашиот тим кој учествуваше во проектот:
Активности
Во рамките на овој проект ги реализиравме следните активности:
Активност 1 - Претставување со Bitmoji и со текст од 100 збора
Активност 2 - Изработка на е-книга во Book Creator
Активност 3 - Цветови од пластични капачиња
Активност 4 - 100 мл вода за нашето цвеќе
Активност 5 - Рециклирање на хартиена лента од 100 см
Активност 6 -Постер во Canva со текст 100 дена на училиште
Активност 7 - Маици за 100 дена на училиште
Активност 8 - Музика во Google music Lab
Нашата колекција со активности може да ја погледнете тука.
https://wke.lt/w/s/7nZatH
Активност 1 - Претставување со Bitmoji и со текст од 100 збора
Bitmoji е одлична алатка за изработка на аватари која дава можност да се напише и одреден текст. Овој проектен ден го започнавме со креирање на аватари со бројот 100. Потоа учениците имаа задача во Microsoft Word да напишат текст од 100 збора за себе.
100-збора (Надица).docx
100 збора (Петар).docx
Доколку сакате да не запознате сите и да дознаете нешто повеќе за нас посетете ја нашата веб страница.
https://sites.google.com/view/tloshkoska-/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/100-dan-u-%C5%A1koli
Активност 2 - Изработка на е-книга во Book Creator
Book Creator нуди одлична можност за виртуелна колаборација и истовремена работа на наставникот и учениците. Ние ја употребивме за да изработиме заедничка книга со наслов „100 ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ“. За реализација на оваа активност учениците истражуваа интересни факти за растителниот и животинскиот свет и за човекот на интернет, собраа 100 интересни факти и изработија е-книга. Погледнете ја нашата е-книга на следниот линк:
100 ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
https://read.bookcreator.com/ATHDdYQ5UHWD9p4FYTSByVxtCqX-abIk_tomcfRto90/VTEMng1GTWaNqw5sNCZZNA
Активност 3 - Цветови од пластични капачиња
За да можеме успешно да ја реализираме третата активност учениците имаа задолжение претходно да соберат пластични капачиња од шишиња. Капачињата ги наредија во облик на цвет, а од поединечните изработки на учениците изработен е заеднички постер (вкупниот број на пластични капачиња на постерот е 100). Ова е нашиот постер со 100 капачиња.
https://schoolsmk-my.sharepoint.com/:p:/g/personal/tl298420_schools_mk/ERuPN7j-CtlEjFkXKWjOjzEBMTncoUdvjF5HBGOaqt-VCQ?e=wyWb2L
Активност 4 - 100 мл вода за нашето цвеќе
Со оваа активност сакаме да ви покажеме дека се грижиме за растенијата во нашиот дом. Учениците прво измерија 100 мл вода и со неа ги полеваа цвеќињата во својот дом.
Активност 5 - Рециклирање на хартиена лента од 100 см
Со рециклирањето на хартија даваме свој придонес во зачувување на животната средина. Петтата активност на учениците беше да да направат лента од хартија со должина 100 см и од неа да направат некоја изработка.
Активност 6 - Постер во Canva со текст 100 дена на училиште
Секој ученик имаше задолжение да изработи постер во кој ќе биде напишан текст 100 дена на училиште. Постерите ги изработуваа со користење на алатката Canva.
Активност 7 - Маици за 100 дена на училиште
Smartmockups ни овозможува многу брзо и лесно да дизајнираме, иако не сме професионалци во оваа област. Постерите кои учениците ги изработаа во Canva ги искористија за да дизајнираат свои маици со помош на Smartmockups.
Активност 8 - Музика во Google music Lab
Последната активност на учениците беше во Google music Lab. Учениците се забавуваа и компонираа музика со пишување на своето име и бројот 100.
На следните линкови може да ја слушнeте музиката која ја компонираат учениците:
Дипломи
На учениците им беа доделени дипломи за успешно реализирани активности во рамки на проектот 100. Ден на училиште.
https://www.canva.com/design/DAEgbOXogxs/LsVLF-GRCF7Td2s6HJpJAg/view?utm_content=DAEgbOXogxs&utm_campaign=designshare&utm_medium=link&utm_source=sharebutton
Интеграција на проектот со наставната програма
- Развивање на вештини кај ученици за истражување, собирање на информации, анализирање и синтетизирање на истите;
- Формирање и спроведување на идеи, критичко размислување, примена на знаења од природните науки и аргументирано заклучување
- Развивање на еколошката свест и еколошката култура кај учениците.;
- Развој на самодовербата преку СТЕМ едукација;
- Интерперсонална комуникација, почитување на другите, тимска работа, групно одлучување и решавање проблеми;
- Соодветно и безбедно користење на интернетот и развивање на вештини кај учениците за користење на ИКТ технологијата.
Дисеминација на проектот
Проектот преку локалните медиумите беше презентиран пред пошироката јавност. Дисеминацијата може да ја погледнете на следниот линк.
http://https://www.publicitet.mk/za-deca-i-mladi/item/16489-uspeshno-realiziran-megjunarodniot-proekten-den-100-ti-den-na-uchilishte?fbclid=IwAR0VKWKSlTDpsm7jhw5MxkwfZdxN52Hok3iz4nsmgNTCjb63BdMQL__IB5E
Евалуација на проектот
Нашата евалуација на проектот може да ја погледнете на следниот линк.
https://forms.gle/kzooonrgQZ3yihy4A
Резултати од евалуацијата:
Евалуација 100 ден (Google Forms).pdf
Учениците го оценаа проектот со одлична оцена. Сите ученици искажаа желба и наредната година да учествуваат во овој проект кој се реализира само еден ден, но проектните активности ги развеселија, опуштија и мотивираа учениците во оваа тешка пандемиска учебна година.