100.Ден во училиште
ООУ„Кочо Рацин"-Охрид
15.03.2021
На линкот подолу можете да го погледнете нашиот веб сајт со кој проектот беше претставен во училиштето.
https://sites.google.com/view/mojastranica-silvanakrsteska/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8/100-%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%B2%D0%BE-%D1%83%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B5
100.Dan u skoli
100-от ден на училиште е еднодневен проект и се спроведува на точно 100-тиот наставен ден во училиштето. Проектот е внесен во Годишната програма за работа на училиштето. Поради започнувањето на школската година од 1 октомври, оваа учебна година 100 -ти наставен ден беше на 15 март. Во нашето училиште проектот се реализира на 15 март 2021 год. Во него учениците одбележуваа низа интересни и стимулативни активности кои преку игра и истражувачки активности на бројот 100, имаа за цел да ја поттикнат љубовта кон училиштето, школувањето и интересниот ден на проектот што го поминуваат.
Kолекцијата од активности можете да ја погледнете и тука:
https://wke.lt/w/s/o79Ddb
Согласности од родители:
parent permit documents (1).pdf
Да се претставиме!
Тимот кој учествуваше во проектот:
Активности
Во рамките на проектот ги изведовме следните активности
-
Решававме 100 задачи во Bookwidgets
-
Во Jamboard креиравме книга со 100 познати научници
-
Во WordArt наравивме слика 100 во која внесовме 100 математички поими
-
Направивме практична изработка со 100 чечкалици или 100 пластични чаши
-
Составивме пазал од 100 парчиња во Bookwidgets
-
Кодиравме во Microbit
-
Креиравме збор со слики користејќи ја апликацијата Phinsh Collage Maker
Во продолжение погледнете ги нашите изработки
Активност 1 - Bookwidgets
100 задачи за 100. Ден во училиште учениците решаваа во алатката Bookwidgets. Решавањето на задачите беше со натпреварувачки карактер. Кој ќе реши најмногу точни задачи за што пократко време. Задачите кои ги решаваа учениците можете да ги погледнете ако кликни тука .
https://www.bookwidgets.com/play/LB9LJL3
Активност 2 - Jamboard - соработничка активност
Алатката Jamboard е одлична алатка за соработничко учење. Во неа учениците имаа задолжение да направат книга во која ќе ги внесат 100 најпознати научници. Учениците најпрво истражува на интенет ги пронајдоа 100 најпознати научници низ историјата, а потоа преку соработничка активност во Јamboard ја креираа книгата 100 нучници. Како се тоа изгледа погледни тука.
https://jamboard.google.com/d/1W7-2DBe3h--H0dXbngkG22OS10kUIiH81iGdsc4Hi1w/viewer
100 научници.pdf
Активност 3 - WordArt
WordArt една од омилените алатки во која брзо и лесно креираме слики со вметнување на поими. Овој пат во бројот 100 вметнавме 100 математички поими.
Активност 4 - Практична изработка
Практични изработки! Да се направи 3Д форма употребувајќи 100 пластични чаши или 100 чечкалици. Ова се нашите изработки!
Активност 5 - Bookwidgets
Составување пазал од 100 парчиња во Bookwidgets ( Линк )
https://www.bookwidgets.com/play/EB8HNEF
Активност 6 - Microbit
Учениците го кодираа во Microbit следниот текст: 100 Дена во училиште! ( Линк )
На следниве линкови можете да ги погледнете кодирањата на секој од учениците.
Ангел Ангела Димитар
Сара Михаела Валерија
Елена Емилија Ивана
Активност 7 - Phinsh Collage Maker - соработничка активност
Креирање букви и бројки со слики ( аватари ) со користење на мобилната апликацијата Phinsh Collage Maker. Секој од учениците имаше задолжение да креира бројка или некоја буква со својот аватар , а потоа со здружување на креираните бројки и букви го испишаа текстот 100 ДЕН ВО УЧИЛИШТЕ
Учениците се здобија со Дипломи за успешно учество во проектот на крајот од проектот.
Интеграција на проектот со наставната програма
-
Претворање на идеите од учениците во акција, развивање способност за планирање и управување со проекти за да се постигнат целите, како и иновативно размислување.
-
Планирање постигнување на зададени цели, како и иновативно размислување и преземање ризици.
-
Користење компјутери презентирање и размена на информации како и безбедно користење на информатичко- комуникациската технологији.
-
Користење на учење, знаење и вештини во различни контексти, како што се учење на далечина.
-
Интеграција наставните предмети математика, физика и информатика. Со проектните активности кои ги реализравме ги интегриравме овие три предмети. На часот по информатика кодиравме во микробит. На часот по физика истражувавме за познатите научници, додека на часовите по математика ги активностите ги реализиравме според наставните содржини: Множење и делење цел и децимален број со декадна единица, 3D форми, Мерки за маса, должина, зафатнина, како и проширување на знаењета на учениците по предметот математика преку истражување за познати научници од историјата на математиката.
Дисеминација на проектот во медиумите
Проектот преку локалните медиумите беше презентиран пред пошироката јавност. Дисеминацијата можете да ја погледнете на следниот линк. Кликни тука.
https://www.publicitet.mk/za-deca-i-mladi/item/16489-uspeshno-realiziran-megjunarodniot-proekten-den-100-ti-den-na-uchilishte?fbclid=IwAR0VKWKSlTDpsm7jhw5MxkwfZdxN52Hok3iz4nsmgNTCjb63BdMQL__IB5E
Евалуација на проектот
На следниот линк можете да ја погледнете нашата евалуација.
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdXQ04GJDPV1g3drrCSb9POMtm9ytvvmlZss3kNRsmZiRmtMw/viewform
Резултати од евалуацијата
Учениците го оценаа проектот со одлична оцена. Сите ученици искажаа желба и наредната година да учествуваат во овој проект кој се реализира само еден ден, но проектните активности ги развеселија, опуштија и мотивираа учениците во оваа тешка пандемиска учебна година.