OOU"Koco Racin"-Ohrid, Macedonia, Jovanka Angjelkoska

  • Проект „Memento prijateljstva"

    ООУ„Кочо Рацин"-Охрид

    На линкот подолу можете да го погледнете нашиот веб сајт со кој проектот беше претставен во училиштето. 

    http://rb.gy/4ijmvd

    Memento prijateljstva  е проект кој ги развива компетенциите на Граѓанското образование преку низа активности со учениците.

    Учениците низ призмата на различни активности развија: почитување на заеднички договорени правила, социјални вештини, препознавање и искажување на емоции, емпатија, прифатливо однесување, самодоверба, меѓусебно почитување, прифаќање и почитување на различните од себе.

    Во текот на годината се реализираа 8 работилници/активности. После секоја работилница, учениците пополнуваа евалуациски листови. Активностите се реализираа како дел од одделенскиот час (образование за животни вештини). На истиот, учениците беа запознаени со проектот и дел од активностите кои беа предвидени. На родителска средба проектот беше претставен пред родители, беа истакнати целите и очекуваните резултати од реализација на активностите. Беа побарани  дозволи и потпишани договори за проектот.

     

    Да се претставиме!

    Ученците ја искористија алатката Bitmoji за да се претстават преку нивните аватри.

    Тимот кој учествуваше во проектот:

    Активности на учениците во проектот: 

    1. Потпишување договор за мементо пријателство

    2. Избор на претседател

    3. Правила во одделението

    4. Јас пораки

    5. Ретко е да си редок

    6. Најдобар пријател во училница

    7. Зошто понекогаш го лажам пријателот

    8. E-safety или безбедност на интернет

    9. eTwinning day

     

    АКТИВНОСТ 1

    Потпишување на договор

    Откако разговаравме за престојните активности во проектот, сите заедно се согласивме дека ќе го почитуваме договорт и правила кои ќе ги донесиме.

    АКТИВНОСТ 2 

    Избор на претседател 

    Активност во која се осозна важноста од донесување одлуки и преземање на иницијатива.

    Зборувавме за карактеристиките и должностите на претседателот кои се претставија преку хамер. Секој ученик предложи тројца ученика, имињата беа запишувани на таблата. Од вкупно 11 ученика, 3 ученика со најмногу гласови беа кандидирани за избор. Потоа, следеше изборна кампања, избравме изборна комисија која ги броеше гласовите, избирачко место, ливче и гласачка кутија. На крај беше избран претседателот на класот и неговиот заменик.

     

    Активност 3

    Правила во одделението

    Развивање и поттикнување на одговорно однесување.

    Се поттикнаа учениците да размислуваат за тоа како се однесуваат во училиштето и училницата. Секое дете посочи одредени правила кои наставникот ги забележа. Се гласаше за правилата и се запишуваа на лист, беше креирана табла на заеднички правила. Истата се истакна на ѕидот во училницата.

     

    Активност 4

    Јас пораки

     

    Активност во која осознаваа и искажуваа емоции.

    Учениците пишуваа  порака „ти“ на парчиња хартија - Ти секогаш... Ти си...

    Споделуваа како се чувствуваа. Погледнаа од друга перспектива и напишаа Јас пораки во кои ги искажаа своите чувста.

    На крај на работилницата учениците пополнуваа евалуациски лист.

    Активност 5 

    Ретко е да си редок

     

    Ве месецот на ретките болести, учениците се вклучија во поддршка на лицата со ретки болести

    Зборуваме што значи поимот редок, споменавме дел од ретките болести. Преку обоени дланки, и пораки изразивме поддршка за лицата со ретки болести. Се изработи хамер со отпечаток од нивните дланки во разни бои и порака „Ретко е да си редок“. 

    Хамерот беше поставен на ѕидот со останите изработки на другите ученици, посветено на ретките.

     

    Активност 6

    Најдобар пријател во училница

     

    Се посочи важноста на другарот во секојдневниот живот, се истакна каков треба да биде еден другар, преку креирање на облак од позитивни карактеристики.

    Учениицте беа креативни и се нацртаа себе си и другарот во омиената игра.

    На крај на работилницата учениците пополнуваат евалуациски лист.

    Активност 7

     Зошто понекогаш го лажам пријателот

    Преку оваа активност се истакна значењето на искреноста за одржување на здрави врски со другарите.

    Учениците искажуваа чувства, споделуваа сопствени примери, создадоа паметна мапа. За крај пробаа да бидат искрени и да се извинат за кажаната лага.

     

    Активност 8

     E-safety или безбедност на интернет

    Ја потенциравме важноста од безбедно и етичко однесување на интернет.

    Активност 9

    eTwinning day 

    Учениците сонуваа со отворени очии и ги прикажаа своите желби и замисли преку креирање на мапа за училиште од соништата.

     

    Дипломи


    На учесниците во проектот им беа доделена Дипломи за успешно реализирани активности во рамките на проектот Memento prijatelstva.

    Интеграција на проектот со наставната програма

    • Креирање заеднички  правила, нивно разбирање и прифаќање, постигнување на зададени цели;

    • Продлабочување на разбирањето и прифаќањето на договорените правила;

    • Почитување на другите, тимска работа, групно одлучување и решавање на проблеми;

    • Стекнување знаење за себе преку препознавање и разбирање на емоциите и развивање позитивна слика за себе

    • Разбирање на сопствените потреби и потребите на другите;

    • Осознавање и прифаќање различностите, преку почитување на разликите меѓу учениците и истакнување на потребата од меѓусебна толеранција;

    • Изнаоѓање решенија за ситуации кога се повредени неговите/нејзините права и правата на другите ученици;

    • Правилно користење на компјутер, безбеден начин за комуникација преку интернет и размена на информаци.

    Дисеминација 

    Учениците извршија дисеминаицја на прокетот пред наставниците и другите ученици, со што ги претставија активностите  кои ги имаа изработено. Креациите од активностите беа поставени на ѕидот во училницата. 

    Проектот исто така е дисеминиран на Facebook страната на училиштето, но дел од активностите реализирани за време на проектот се дисеминирани и на Facebook страната на еТwinning Makedonija со што е запознаена и пошироката јавност со активностите кои се преземени.