Klub Magnolija, OOU Koco Racin, Ohrid

  • Проектот International Women in Science Day III. (eTwinning проект) има за цел промоција на Меѓународниот ден на жените и девојките во науката (11 Февруари). Денот се фокусира на науката и родовата еднаквост кои се од витално значење за постигнување на меѓународно договорените развојни цели. Со една од целите за одржлив развој (дефинирани во рамките на Агендата 2030 за одржлив развој, донесена на 25 Септември 2015 година од страна на Генералното собрание на Обединетите нации), земјите ширум светот ветија дека „ќе изградат прилагодлива инфраструктура, ќе промовираат одржлива индустријализација и ќе поттикнуваат иновации“. Преку нашето учество во овој проект се придруживме во промовирање на девојките и жените во науката со цел да се постигне целосно, еднакво учество и пристап за девојките и жените во науката, и дополнително да се поттикнат иновациите.

    Во проектот се вклучени 9 ученици-членови на клубот на екологисти Магнолија при ООУ„Кочо Рацин''-Охрид (учениците се од VII и IX одделение).

    Aктивностите кои ги реализиравме во рамки на проектот International Women In Science Day III. се презентирани на нашата веб страница. 

    Линк до нашата веб страница: IWISD - III

    Интеграција на проектот со наставната програма

    Информирање, вербално и писмено изразување, решавање проблеми, одлучување, креативност и иновативност;

    Подобрување на вештините за истражување и собирање информации, анализа и синтеза на знаењата од страна на учениците;

    Подобрување на способноста на учениците за планирање и управување со проекти со цел исполнување на целите;

    Дигитална писменост и користење на информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) на одговорен и критичен начин;

    Користење на знаењата и вештините во различни контексти;

    Личен и социјален развој, развој на комуникација, меѓусебна соработка и почитување на другите;

    Развој на самодоверба преку СТЕМ едукација;

    Интеграција во наставата по биологија преку истражувачки активности и изработка на презентации (интеграција со наставните содржини Правење јогурт и Расипување на храната и микроорганизми - VII одделение и Разградувачи - IX одделение). Интеграција со Животни вештини е направена со содржината Нестереотипни задачи, историските личности се интегрирани со наставниот предмет Историја, а различните web 2.0 алатки со предметот Информатика.

    Учесници

    Во проектот учествуваа девет ученици-членови на клубот на екологисти „Магнолија“ (пет ученика од VII одделение и четири-од IX одделение). За да се претставиме во проектот креиравме аватари (Bitmoji) и постер (Canva). Ученичката Марија С изработи промотивно видео за проектот.

    Video - Marija S

    Познати историски научнички од нашата земја

    Учениците се запознаа со историските личности Славка Динкова и Захарина Димитрова.

    Славка Динкова е една од првите (ако не и прва) македонски преведувачки од француски и од грчки јазик, една од првите македонски учителки, прва новинарка во Македонија и прва жена која се бори за еманципација на жените во Македонија.

    Захарина Велова Димитрова е прва жена лекар од Македонија. Таа била претседател на македонското Здружение за просвета на жените и за македонска преродба.

    Креирање постер

    Секој ученик-учесник со помош на алатката Canva изработи постер за проектот. Потоа учениците анонимно гласаа (Google Forms) и го одбраа постерот кој најмногу им се допаѓа. Изработивме и видео запис за оваа наша активност.

    Креирање лого

    Учениците крeираа лого за проектот (Canva), преку гласање (Google Forms) го избраа најдоброто лого и изработивме видео запис за активноста креирање лого.

    Кога би бил(а) научник мојата идна професија би била...

    Оваа активност има за цел мотивирање на учениците да размислуваат иновативно. Тие пишуваа за своите идни професии и што е тоа што ги мотивира да се насочат кон одредена професија.

    Кога би била научник Н.Т.docx

    Кога би била научник Н.Н.docx

    Кога би била научник М.С.docx

    Кога би била научник К.И.docx

    Кога би била научник Ј.Л.docx

    Кога би била научник Е.Б.docx

    Кога би била научник А.Т.docx

    Кога би бил научник П.И.docx

    Кога би бил научник Д.С.docx

    Учениците изработија видео записи во Canva за нивните идни професии:

    Ботаника (Клара И) 

    Фармакологија (Надица Т)

    Истражување за ефектот на температурата врз распаѓањето на храната (PowerPoint презентација)

    Интернационалниот ден на девојчињата и жените во науката го одбележавме преку истражувачки активности. Учениците истражуваа за влијанието на температурата врз распаѓањето на храната (учениците од VII одделение истражуваа за распаѓањето на лебот, а учениците од IX одделение за распаѓањето на овошјето). Тие даваа претпоставки за исходот од истражувањето, одредуваа независни, контролни и зависни променливи, го одбираа потребниот прибор, ги поставуваа своите експерименти, набљудуваа, ги запишуваа своите резултати и донесуваа заклучоци.

    Учениците ги документираа своите истражувања во PowerPoint презентации и истите беа презентирани пред останатите ученици.

    Анастасија Т

     

    Надица Т

     

    Марија С

     

    Надица Н

    Сите истражувачки активности може да ги погледнете на следниот линк 

    https://sites.google.com/view/tloshkoska-/Projects-2021/IWISD-III#h.mxzingkqu2d0

    pH вредност (истражување) 

    Учениците истражуваа и ја одредуваа pH вредноста на различна храна (течности) - вода, млеко, расипано млеко, јогурт, скиселен јогурт, кисело млеко, јаболкова киселина и алкохолна киселина. Тие работеа во две групи и на крајот од истражувањето ги споредивме добиените резултати.  

    pH индикаторот ја менува бојата - колку бојата станува поцрвена, толку е покисела супстанцијата. Од нашето истражување заклучивме дека чистата вода има  pH вредност 7 (неутрална средина), додека алкохолната киселина која ја истражувавме има најниска pH вредност (3,5).

    Активноста беше реализирана пред другите ученици од VII/1 и VII/2 одделение.

     

    Истражувачките активности од страна на учениците може да ги погледнете на следниот линк: 

    pH вредност (истражување)

    Евалуација

    Учениците пополнуваа анкета со прашања преку кои се изврши евалуација на проектот.

     

    Дисеминација